Директорот на АстраЗенека: Нашата вакцина не е совршена, но делува

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Вакцината на АстраЗенека не е совршена, но делува и ќе има големо влијание врз пандемијата на Ковид-19, изјави денеска извршниот директор на оваа фармацевтска компанија, Паскал Сорио.

Вакцината, развиена во Оксфорд, е наречена „вакцина за светот” затоа што е евтина и лесна за дистрибуција.

Сепак, масовното одобрување во Европа и светот беше запрено поради сомнежи за количината на дозата што треба да се инјектира и интервалот меѓу вакцинациите.

Податоците, исто така, покажаа дека таа е помалку ефикасна против јужноафриканската мутација, а АстраЗенека беше „во клинч” со Европската унија поради доцнења во испораката на вакцините, потсетуваат светските медиуми.

– Дали е совршена? Не е, но одлична е. Кој друг ќе направи 100 милиони дози вакцина во февруари? Ќе спасиме илјадници животи и затоа секој ден напорно работиме, изјави Сорио.

Тој најави дека компанијата планира да произведе 200 милиони дози во април, а до декември да направи три милијарди дози. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот