Дипломат од Кинеската амбасада во Манила повикан на разговор по инцидентот во Јужното Кинеско Море

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Филипините соопштија дека во Министерството за надворешни работи повикале дипломат од Кинеската амбасада во Манила по „воинствените дејствија“ на кинеската крајбрежна стража и кинески брод во близина на гребен во Јужното Кинеско Море.

Манила го изрази својот „силен протест против агресивните дејствија преземени во саботата од страна на кинеската крајбрежна стража и поморската полиција“ против филипинскиот брод за снабдување во близина на спорен остров во Јужното Кинеско Море. Според Филипините, кинеските гардисти го блокирале бродот за снабдување и го оштетиле со водени топови, при што биле повредени тројца војници.

Од своја страна, кинеските стражари ги опишаа нивните маневри како „легитимно регулирање, пресретнување и протерување“ на странски брод што „се обиде насилно да влезе“ во кинеските води.

Во последните месеци кинеските бродови веќе користеа водени топови и се судрија со филипинските бродови во близина на островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот