Димитров: Повеќето вработени во МНР се од времето на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Слободен печат

Во период од 2009 до 2015 година во МНР се примиле 208 нововработените, а дури 38 биле префрлени од други институции во МНР и распоредени на високи дипломатски рангови, без да имаат ден работен стаж како дипломати, рече министерот Никола Димитров на денешната собраниска Комисија за надворешна политика каде дава извештај за својата работа.

– Сега во МНР работат 426 луѓе, 283 тука и станарите во дипломатско конзуларни претставништва. Од кога јас сум министер за 2.5 години имаме само едно преземање и тоа од собраниските служби и не на раководна функција и еден конкурс на кој поканивме тројца странски амбасадори на финалните интервјуа- рече Димитров.

Во врска со конкурсот тој рече се изгубени многу квалитетни кадри кои не ги исполните процедуралните услови, па од 250 кандидати агенцијата на администрацијата пропуштила само 11. На конкурсот се примени шест лица.

Димитров најави донесување на нов закон за МНР, а рече и дека веќе е донесена нова систематизација во министерството со која се намалуваат раководните функции, односно само 30 отсто од вработените ќе бидат раководни кадри додека другите извршители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот