Димитров: Нашата кандидатура е посебен случај

Фото: Слободен печат

Нашата кандидатура е посебен случај, а ова е последна шанса за да се направи исчекор, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната комисија за надворешна политика во Собранието, каде тој дава извештај за сработеното.

Тој рече дека се труди надворешната политика да ја води надвор од внатрепартиските препукувања.

– Не може да се вратиме назад, но изгубивме многу време во кое светот се менува, станува понепредвидлив, а се менува и ЕУ- рече Димитров.

Димитров, надополни, дека сепак сè успеало.

– Нашиот неуспех го направивме да биде влог во ЕУ. Создадовме атмосфера во која е многу тешко да се стопира нашиот процес без да се доведе во прашање кредибилитетот и верувањата на ЕУ- рече Димитров.

Вонредна резолуција на Е.П. покажува колку е голем нашиот влог, додаде Димитров.

Тој рече дека со опозицијата е споделена одговорност околу донесувањето на Законот за ЈО.

Донесувањето на овој закон треба да го тргнеме, за нашата кандидатура да биде потполно чиста, рече Димитров.

– Од Холандија имаме јасни црвени линии и не смее да дозволиме да се изгубат истраги на СЈО и да нема поделби во однос на тоа кој ќе се гони, а кој не, и да не се делат обвинителите на подобни и неподобни – рече министерот.

Недонесувањето на Одлуката за почеток на преговорите, Димитров рече дека веќе се гледа во регионот.

Исто така, Димитров истакна дека за време на случувањата во Брисел бил во постојан контакт на дневна основа со советник на Макрон и дека тие го знаат нашиот влог, како и дека секоја земја треба да се цени според сопствените достигнувања и нема да биде грешка ако се одвојат кандидатите на нашата земја и Албанија.

Милошоски и Џафери си ги мерат силите, новинарите и пратениците на утринска прошетка низ Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот