фото: Федор Обмайкин (БК "Локомотив-Кубань")

Димитријевиќ и Уникс Казан на чекор од шампионскиот пехар, Рајковиќ по бронзата во ВТБ лигата

Уникс Казан поведе и со 3:1 во финалната серија во ВТБ лигата откако со 90:88 по едно одиграно продолжение го совлада Локомотив Кубан.

Во регуланиот дел од натпреварот Уникс Казан имаше и „плус 21“ предност (53:32), но Локомотив Кубан успеа да ја анулира негативата и да обезбеди дополнителни пет минути (81:81). Уникс Казан не дозволи целосен пресврт на овој меч и продолжението го доби со 9:7.

Овојпат македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше скромен учинок од шест поени за нешто над 25 минути игра на паркетот (3/9 за два, 0/1 за три, 0/1 од слободните фрлања). Воедно нашиот плејмејкер запиша по четири скока и асистенции, по две украдени и загубени топки и една блокада.

Кај неговите соиграчи најефикасни беа Дерил Мејкон и Џејлен Рејнолдс со по 18 поени, а на спротивната страна Крис Хортон имаше 23 поени, а 22 беа дело на Џејлен Барфорд. Уникс Казан дојде на една победа од освојување на шампионскиот пехар, а првата „меч топка“ ќе ја има за три дена на домашен терен.

ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ исто така води со 3:1 против Зенит Петерсбург во борбата за третото место во натпреварувањето, а следниот меч ќе се игра на 15 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот