Димевски најави презентација на својата изборна програма за МОК

Даниел Димевски, претседател на МОК / Утрински брифинг

Преку соопштение на официјалната страна МОК, Даниел Димевски најави презентација на својата изборна програма.

Како што стои во соопштението кое ви го пренесуваме во продолжение презентацијата официјално ќе се случи на 26. јануари во 15:00 часот.

„Претседателот на МОК, Даниел Димевски најавува презентација на најобемната, најдетална и најсеопфатна програма за работа што досега ја имал МОК, на ден 26.01.2024 година (петок) со почеток во 15:00 часот.

Презентацијата на Програмата 24-28, насловена со Олимпиското мото “Побрзо, повисоко, посилно, заедно”, ќе биде пренесувана во живо на МОК ТВ каналот.

Истата можост е достапна и за сите останати заинтересирани кандидати кои ќе достават и сакаат јавно да ја презентираат својата програма. Лице за контакт е Сара Глоговац со е-меил адреса: [email protected].

На ова ќе му претходи презентација на отчетот за сработеното во првиот мандат, која ќе биде објавена на официјалниот ВЕБ сајт на ден 24.01.2024 год“, стои во соопштението на страницата на Македонскиот Олимписки Комитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот