Димевски доби нов мандат, останува претседател на МОК

Фото: МОК

Даниел Димевски и во иднина ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) откако вечерва доби нов мандат на редовното изборно собране одржано во „СЦ Јане Сандански“ во Скопје.

На денешното собрание имаше присутно 55 делегати од вкупно 61 членка и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател. Димевски доби 45 гласа „ЗА“, осум „против“ и два „воздржани“.

Димевски на чело на МОК застана во октомври 2020 година откако на должноста го наследи Васил Тупурковски.

Пред два дена имаше обид за Вонредно Собрание, но Иницијаторите за смена на Димевски не успеаа да обезбедат кворум за одржување на собрание.

Пропадна обидот за смена на раководството на Македонскиот олимписки комитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот