ДИК: Континуирано работиме на заштита од хакерски напади

Државна изборна комисија - табла / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Државната изборна комисија (ДИК) во континуитет работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади. За таа цел донесена е ИКТ Стратегија и формирано Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици.

-Државната изборна комисија во континуитет работи на овие прашања и за таа цел ја донесе ИКТ Стратегијата на Државната изборна комисија со Акциски план и формираше Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, кое е во постојана координација за сите прашања во однос на безбедноста на податоците и заштитата од хакерски напади, изјавија од ДИК за Медиумската информативна агенција.

Пред неколку дена повторно имаше хакерски напади во некои институции, па во јавноста се отвори прашањето за заштита на личните податоци на избирачките и заштита од хакерски напади на ДИК имајќи ги предвид претстојните претседателски (28 април) и парламентарни избори (8 мај).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот