Дијалог-изложба на израелските карикатуристи Григори и Илја Кац е поставена во „Остен“

Концептот на изложбата „2Kац“ е двогледност - две визии на иста тема

Во галерија „Остен“ (ул. „Максим Горки“ 16а) на 25 јули, во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата на карикатури со наслов „2Кац“ на израелските карикатуристи Григори и Илја Кац, која претставува дијалог на уметнички начин помеѓу татко и син.

Изложбата е дел од програмските активности на „Остен“ со кои се одбележува 55-годишниот јубилеј на Светската галерија на карикатури (1969-2024), а кој е поддржан од Министерството за култура на РСМ и е во соработка со „Скопско лето 2023“.

– Концептот на изложбата „2Kац“ е двогледност – две визии на иста тема, два изрази на двајца уметници, еден постар и еден млад, татко и син. Нивните дела се претставени во тематски парови, давајќи секој пат драматичен конфликт на целината. Посетителите можат да се восхитуваат на делата преку „двогледни спектакли“ – истакнуваат од „Остен“.

Таткото Григори Кац и синот Илја се родени во Киргистан, соодветно во 1948 и 1972 година. Двајцата уметници живеат во Израел од 1992 година. Како „2Кац“ досега имале повеќе изложби, и тоа во Белгија, Кина, Словачка и во Израел.

Григори работи како архитект, карикатурист и илустратор. Од 2008 година започнал да учествува на меѓународни изложби и натпревари за карикатура и освоил повеќе од 60 награди на меѓународни натпревари за карикатура.

Илја е карикатурист, сликар и дизајнер. Почнал да учествува на меѓународни изложби и натпревари за карикатури во 2006 година и освоил повеќе од 100 награди на меѓународните натпревари за карикатура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот