Џеј Ло открива правила што мора да ги следи секоја вистинска дама

Џенифер Лопез и во петтата деценија од својот живот изгледа феноменално, а според некои и подобро отколку во своите помлади години.

Таа за магазинот „Ин стајл“ ги открила трите правила што отсекогаш ги следи и ги препорачува на секоја вистинска дама:

Воздржување од кофеин

Иако нема ништо против кафето, а понекогаш и самата го пие, сепак не ја надоместува енергијата со него. Наместо тоа, се храни здраво, вежба пилатес и вози велосипед.

Никогаш не пие алкохол

Алкохолот лошо влијае врз кожата и предизвикува предвреме да изгледа старо и ненегувано. Затоа, Џенифер Лопез одамна се откажала од консумирање на што и да е алкохолно.

Доволно спиење

Џеј Ло никогаш не го потценува сонот и секогаш се грижи да е добро наспана и не прави компромиси во однос на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот