Девојката на Кијану Ривс откри зошто никогаш нема да ја бојадисува косата – причината ќе ве загрижи!

Фото: Профимедиа

Александра Грант (46) е жената која со својот необичен и природен изглед успеа да го освои срцето на еден од најпосакуваните актер, Кијану Ривс (55).

Двајцата на почетокот од ноември рака под рака прошетаа на црвениот килим и ја изненадија јавноста, со оглед на тоа што актерот со години немаше некоја сериозна врска.

И додека многу беа среќни што актерот конечно се заљубил, поедини и забележаа на Александра што изгледа повозрасно од повеќето жени на нејзини години, а највеќе поради нејзината седа коса.

Токму поради тоа се огласи и таа и откри зошто никогаш нема да ја бојадиса и ги повика жените да внимаваат на здравјето, а не на изгледот.

 

View this post on Instagram

 

Happy mother’s day, Mom! Love you to the moon ?

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra) on

Александра објави фотка од насловна страница на еден магазин, каде пишува дека новите студии докажале дека рак на дојката е тесно поврзан со фарбите за коса и хемиските препарати кои ги користат.

– Јас обелев предвреме, уште во раните 20-ти години, бидејќи ја бојадисував косата со секаква фарба која ќе ја најдев, се додека не станав интолерантна на отровите од нив. На 30 години ја оставив косата да стане „плава“… Сакам и почитувам тоа што секоја жена може да избере како ќе изгледа во било која доба од животот. Ако жените страдаат од наметнати стандарди за убавина, ајде да разговараме за тие стандарди – рекла таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот