Девојката го оставила, а тој смислил ПЕКОЛНА ОДМАЗДА

Џејсон Муцикато (44) од Пенсилванија со помош на дрон фрлал експлозивни направи на имотот на својата бивша девојка.

Муцикато не е обвинет дека ги детонирал направите, ама е осомничен за „серија експлозии“ кои го треселе подрачјето на општината Вашингтон од март до јуни годинава.

Соседот на поранешната девојка на Муцикато рекол дека тој не испуштал само експлозиви.

„Еден ден фрлаше шајки. Паѓаа од небото. Немаше никој во околината. Никој не поминуваше и не ги фрлаше, паѓаа од небото“, раскажал соседот.

Неговите надзорни камери снимиле најмалку една експлозија. Верувајќи дека Муцикато е одговорен за тие вознемирувачи случувања, соседот се соочил со него, но тогаш работите станале уште полоши.

„Откако е уапсен на почетокот од јуни, сè се смири“, додал соседот.

Муцикато е обвинет дека свесно управувал со нерегистрираното летало, а подоцна и за поседување нелегално оружје.

Осомничениот е татко на две деца, а му се закануваат 33 години затвор ако го осудат. Судењето е закажано за ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот