Девојка повраќала и имала неподносливи болки: Морала на ИТНА операција, хирурзите нашле нешто МОРНИЧАВО

илустрација

Тинејџерка од Русија (19) повраќала после секој оброк, немала енергија, па била на доктор и открила дека голема маса се крие во нејзиниот стомак.

Хирурзите извадиле топка од влакна тешка 2 килограми, а бизарната процедура била изведена откако девојката отишла во болница со неподносливи болки во пределот на абдоменот.

Заради влакната кои се наоѓале во нејзиниот стомак, девојката добила чир во желудникот. Според извештаите, топката била со димензии 50 х 10 х 10 сантиметри.

Мајката на девојката рекла дека нејзината ќерка добила фантастичен третман во болницата и дека скоро целосно се опоравила. Луѓето кои ја голтаат својата коса, патат од пореметување кое во психијатрија се нарекува трихофагија.

Ова пореметување е поврзано со почестатата состојба на трихотиломанија, односно кога луѓето имаат неиздржлива потреба да ја кубат сопствената коса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот