Девојка од Скопје сексуално малтретирана во автобус на ЈСП, тројца тинејџери ја допирале по телото

19-годишна девојка доживеала малтретирање во автобус на ЈСП, кога тројца малолетни жители на три скопски села ја допирале по телото, соопшти полицијата.

„На 24.04.2023 во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје, на булеварот „Илинден“, тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје“, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот