Девојка донирала 88 јајце клетки: Не сум подготвена за мајчинство, но сакам да им помагам на другите да основаат семејства

Фото: Принтскрин/ Твитер

Писателка која пишува за медицината од Велика Британија, која не сака да има деца, донирала 88 јајце клетки за да им помогне на парови да основаат семејства.

Алекс Вебстер (31) смислила план откако во 2016 година открила дека на нејзината пријателка ѝ се потребни донаторски јајце клетки за да забремени. Чувствувајќи се инспирирана и сакајќи да им помогне на другите жени во истата ситуација, таа контактирала со приватната клиника „Оксворд фертилити“ и била прифатена да стане донатор, пишува „Њујорк пост“. 

– Не сум подготвена за мајчинството колку некои. Има жени на кои им треба помош да создадат свои семејства, тука можам да се вклопам – изјавила Вебстер.

Вебстер, кој потекнува од Абингдон, Оксфордшир, Англија вели дека вадењето јајце е „интензивно“ – може да бидете нефункционални неколку дена.

Донаторите треба да се инјектираат 14 дена за да го потиснат нивното природно производство на хормони за да може клиниката да го контролира процесот на овулација. Вториот сет на дневни инјекции, кои се земаат 12 дена, е дизајниран да го стимулира растот на фоликулите за да може да се извадат неколку јајце клетки. Последната хормонска инјекција се зема околу 36 часа пред собирањето на јајцето.

Тимот на „Оксворд фертилити“ собрал 42 јајце клетки од Вебстер во ноември 2022 година и 46 јајце клетки кога таа го повторила процесот осум месеци подоцна.

– Ми се чинеше како загуба, да не ги употребам овие јајце клетки, а има толку жени кои сакаат да основаат семејства, но не можат – рекла Вебстер.

Таа не ги познава паровите на кои им помага, но штом децата ќе наполнат 16 години, ќе им биде дозволено да дознаат некои работи за неа. Кога ќе станат полнолетни, тие можат да добијат информации за идентификација.

– Како дел од подготовката за донирање, добив советување за да ги разберам импликациите од донирањето јајце клетки. Исто така, морав да напишам писмо за да го споделам со родителите кои ќе ги добијат моите јајце клетки – открила Вебстер.

Вебстер не е сигурна дека повторно ќе донира јајца, но тоа е нешто за што размислува. Таа вели дека процесот одзема многу време и дека ја троши нејзината енергија.

– За мене, важно е што веќе им помогнав на четири семејства и не знам на уште колку би сакала да помогнам. Се надевам дека жените што ќе го прочитаат ова ќе бидат охрабрени да донираат или да контактираат со клиниката за плодност за да дознаат повеќе за тоа како можат да помогнат – изјавила Вебстер.

Скоро 15.000 трансфери на замрзнати донорски јајца на ембрион во 2020 година резултирале со раѓање во САД, покажуваат статистиките.

Донацијата на јајце клетки, исто така, може да биде профитабилен потфат – компензацијата често се движи од 5.000 до 10.000 долари, со сите платени трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот