Девојчето од Сирија кое татко ѝ го учеше да се смее на експлозии на бомби е на сигурно во Турција (ВИДЕО)

Границата ја преминале на 25 февруари и се наоѓаат во мигрантскиот камп Рејханли во северна Турција.

Тригодишното девојче од Сирија кое татко ѝ го учеше да се смее на звукот на бомбите за да се плаши, на сигурно е во Турција, јавува Би-Би-Си повикувајќи се на извештаи.

Салва е на насловните страници ширум светот заврши кога се појави од нејзиниот дом во Идлиб на кое во познадина се слушаат бомби. Девојчето на снимката се смее, како што ја учел татко ѝ, за да не се плаши.

Турската влада минатата недела ѝ помогна на Салва и на нејзиното семејство да ја поминат границата.

Салва и нејзиниот татко Абдулах Мухамед смислија како таа да се справува со константното бомбардирање од кое многу се плашела.

Тој ѝ рекол да се смее на бомбите наместо од нив да се плаши. Па така, и пуштал звуци на децата кои се смеат на огномет за да ѝ помогне да остане мирна и среќна.

Нивната игра предизвика лавина на симпатии и доведе до тоа турската влада да им помогне да побегнат.

Тие во Турција влегоа прегу границата Цилвегозу на 25 февруари, пренесе турската агенција „Анадолија“.

Потоа се пренесени во мигрантскиот камп Рејханли во северна Турција.

Нејзниот татко Абдулах рече за турските медиуми дека тој и неговата ќерка со видеото сакале да ѝ испратат порака на меѓународната заедница.

Додаде дека е среќен што стигнале во Турција и дека Салва сега ќе добие можност да оди на училиште.

– Се надевам дека судирот во Сирија наскоро ќе заврши и дека ќе можам да се вратам – рече тој.

Идлиб е последното упориште на бунтовниците во Сирија. Речиси милион бегалци од Сирија пристигнаа на границата меѓу Сирија и Турција од декември по жестоките борби во Идлиб меѓу бунтовниците кои ги поддржува Турција и сириската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот