Деветгодишно момче од Австралија се бори за живот откако било нападнато од крокодил

Фото: Пекселс/ pixabay

Деветгодишно момче се бори за живот откако било нападнато од крокодил во националниот парк Какаду во Австралија. Сè се случило во саботата навечер околу 21 часот по локално време.

„По нападот, пациентот беше пренесен во здравствениот центар Џабиру“, рече портпаролот на КерФлајт.

Меѓутоа, со оглед на сериозноста на повредите, момчето со хеликоптер од малиот град со околу илјада жители било префрлено во поголема болница во Дарвин. Таму е на интензивна нега. Во Националниот парк има околу 10.000 крокодили.

„Запомнете дека секаде каде што има вода, може да има и крокодили. Бидете внимателни во близина на реките и внимавајте на знаците за предупредување за крокодили“, се вели на веб-страницата на Националниот парк.

Портпаролот на „Паркс Австралија“ изјави дека биле информирани за инцидент во кој крокодил повредил едно лице додека пливало.

„Инцидентот се случи во област во националниот парк Какаду која не е достапна за пошироката јавност“, рече портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот