Детска игра заврши фатално за 4-годишни близнаци од Флорида: Заспале гушнати во сандакот со играчки и се задушиле

Близанците Аурора и Келан/Фото: GoFundMe

Наивна детска игра заврши трагично за двајца 4-годишни близнаци од Флорида, САД кои се пронајдени гушнати и задушени во голем дрвен сандак каде што нивните родители ги чувале играчки.

Смртта на децата од задушување ја потврдила нивната мајка со објава на социјалните мрежи каде изразила вознемиреност од апсурдниот настан и ги опишала околностите под кои се случила трагедијата.

Сејди Мајерс била на работа во петокот вечерта кога нејзиниот сопруг Дон Стар ги ставил во кревет близнаците Аурора и Келан и нивните двајца постари браќа.

Стар работел дење, а Мајерс работела ноќе за да можат да ги задоволат финансиските потреби на своето семејство и секогаш да има еден родител дома за да се грижи за нивните четири деца. Некаде во текот на ноќта, 4-годишните близнаци се разбудиле и решиле да си играат со своите играчки, што го правеле често во последните неколку месеци. Како што објаснува нивната мајка во својата објава, неколку утра ги затекнувала близнаците како спијат во чудни делови од куќата, со нивните кукли расфрлани околу нив.

„Во петокот вечерта, чудното место што го избраа да заспијат беше дрвениот сандак што го користиме за складирање на нивните плишани животни“, пишува Мајерс.

Близнаците ги извадиле речиси сите кукли од сандакот, оставајќи само неколку на дното за да им биде помеко. Потоа легнале и заспале во прегратка.

„Во одреден момент за време на спиењето, еден од нив се помрднал, веројатно во сон, поради што капакот се затворил“, додава мајката.

Кога Мајерс се разбудила наутро и ги затекнала детските креветчиња празни, веднаш ја фатило паника. Целото семејство почнало да ги бара двете деца, извикувајќи ги нивните имиња внатре во куќата. Конечно, еден од нивните постари браќа го отворил сандакот и ги нашол внатре. Отпрвин, момчето мислело дека 4-годишните близнаци само спијат и среќен и се јавил на мајка си. Но, кога жената ги видела близнаците, сфатила што се случило и дека веќе е доцна да ги спаси животите на нејзините деца.

Веднаш пристигнала полиција и обидот децата да се вратат во живот не вродиле со плод. Канцеларијата на шерифот во градот Џексонвил издаде соопштение за инцидентот, со цел да се заштити приватноста на семејството во овој тежок момент.

„Тоа што се случи нема смисла и мојот ум никогаш нема да го сфати“, напишал унесреќената мајка во својата објава, додавајќи дека таа, нејзиниот сопруг и нивните други две деца се чувствуваат среќни што ги имаале барем малку во животот двајцата близнаци кои насекаде ширеа љубов и светлина. Малкумина ќе ја знаат болката од губењето две деца во исто време, па дури и на таков апсурден начин, но имам потреба да верувам дека универзумот избра да „заминат“ можеби за да ги заштити од некоја идна трагедија, или можеби затоа што душите беа премногу совршени за овој свет “, пишува Сејди Мајерс во својата објава.

По трагичниот настан на социјалните мрежи се појавија коментари дека најдобра заштита за да не се повтори ваква ситуација е да се отстрануваат капаците од сандациите и големите кутии за чување на детски играчки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот