Детонација пред казино во Кисела Вода

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Околу 40 минути по полноќ синоќа, пред казино во скопската населба Кисела Вода се слушнала силна детонација, соопшти МВР.

Засега нема информација околу тоа што ја предизвикало детонацијата.

„На 08.02.2023 година во 00.41 часот во СВР Скопје било пријавено пред казино на ул.„Христо Татарчев” се слушнал силен звук како детонација. Нема повредени лица, а нема оштетувања на казиното и на околните објекти. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот