Дете тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје, по што веднаш му била укажана медицинска помош.

-На 27.11.2019 во 10.30 часот било пријавено дека на сервисна улица од бул.„Јане Сандански“ патничко моторно возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки управувано од М.М.(30) од Скопје удрило во дете, кое се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош- соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот