Детали за сообраќајката на министрите, МВР и ОЈО го расчистуваат случајот

Верижен судир кај Влада/ Фото: Канал 5

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека во координација со Јавното обвинителство интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Владата на Република Северна Македонија.

– Како што веќе информиравме, вчера околу 19:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден” и бул.„Св.Климент Охридски” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода”, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат”, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа”, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода”, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот: алкотестирање, обезбеден видео запис од безбедносните камери, изјави од сведоци итн, соопштуваат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, во најбрз можен рок случајот ќе биде расчистен и јавноста ќе биде соодветно известена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот