Верижен судар на крстосницата пред Влада, има повредени

Верижен судир кај Влада/ Фото: Канал 5

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата пред зградата на Владата.

Три возила учествувале во тешката сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булеварите „Илинденска“ и „Климент Охридски“.

Според очевидците, едно од возилата било службено, а имало и повредени. На самото место има возила на Итна медицинска помош.

Увидот е во тек , а од МВР се очекуваат повеќе информации во текот на вечерва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот