Деспотовски: Извештајот на „Фридом хаус“ треба да биде добра почетна основа за следната влада

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во врска со Извештајот на „Фридом хаус“, вели дека нема нешто неочекувано, со оглед дека Македонија имаше и извештај од ЕК и треба да се признае дека работите не секогаш се такви какви што посакуваме.

„Ако сакаме да бидеме чесни и фокусирани, тоа ќе биде добра почетна основа за следната влада во наредните четири години. Да се фокусира на слабите точки и да испорача добар резултат. Се нотираше дека големи биле очекувањата кај граѓаните во 2017, карактеристиката била недемократската влада и режимот. Добар дел од работите беа ветени од страна на СДСМ во 2017 и 2020 и дел од работите се реализирани. Реална ситуација и реален пресек на нештата и ова треба да е појдовна основа“ , рече Деспотовски во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот