Десницата победи на изборите во Швајцарија, им помогна стравот од мигрантите

Швајцарско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Швајцарија сврте надесно по денешните парламентарни избори бидејќи загриженоста за имиграцијата ги надмина стравувањата за климатските промени или топењето на глечерите.

Десничарската Швајцарска народна партија (SVP), најголемата швајцарска политичка партија, ќе го зголеми својот удел во гласовите на 29 отсто, што е за 3,4 процентни поени повеќе од последните избори во 2019 година, според раните проекции на швајцарската телевизија SRF.

Партијата водеше кампања на платформата за спречување на зголемување на бројот на населението во земјата, што во моментов изнесува 8,7 милиони, да надмине 10 милиони.

Таа, исто така, собра гласови од луѓето загрижени за забавувањето на економијата и зголемените трошоци за живот, соопшти агенцијата за истражување на јавното мислење ГФС Берн.

Зголемените трошоци за здравствена заштита, беа во корист на левичарските социјалдемократи (СП). Втората по големина швајцарска партија успеа да го зголеми резултатот за 0,4 процентни поени, на 17,2 отсто. Поддршката за Зелените најверојатно ќе се намали за 4,1 процентен поен, на 9,1 отсто.

Изборниот резултат не се очекува да доведе до промени во швајцарската федерална влада, која се состои од седум службеници кои го сочинуваат Федералниот совет. Нивните места се поделени меѓу четирите водечки партии.

„Пред четири години луѓето беа идеалисти и прогресивни, што објаснуваше зошто Зелените поминаа толку добро, но сега луѓето се позагрижени за безбедноста и повторно се поконзервативни“, рече Мајкл Херман, политички аналитичар во агенцијата за социолошки истражувања Сотомо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот