Десковска очекува од политичките партии уште еднаш да го разгледаат текстот на Законот за ЈО

Министерката за правда, Рената Десковска на прес конференција објасни дека амандманот во Собранието бил изгласан со консензус на седницата на Комисијата за европски прашања, пишува 24.мк.

Во новиот Закон за совет за јавно обвинителство, новиот обвинител за организиран криминал се избира во посебна процедура со непосредни избори и бидејќи очекувањата би биле дека би имало предоминација, да се бира со Бадинтерово мнозинство.

Овие три измени биле усвоени и има стениограми, но е испуштена упатната одредба, но станува збор за технички корекции, поради што е испратен допис околу 16 часот во Собранието.

– По тоа не се правени преговори со мене или претседателот на Собранието или се менувал текстот. јасно ми е за што станува збор од ВМРО-ДПМНЕ. Ја видовме рекцијата и се надевам дека ќе успеат да се спроведат за да може да се донесе законот – рече Десковска.

На оваа владина седница присуствуваа и министрите од ВМРО-ДПМНЕ и нема промена на текстот што бил усвоен на седницата на Влада, рече Десковска. Нема потреба од ново усвојување поради техничка грешка, поради која предлогот беше повлечен и вратен во Собранието.

Сите усогласувања се направени пред да се пушти текстот во собраниската процедура, рече министерката за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот