Денови на европско Скопје: „Мостовите на Скопје“ како уметнички предизвик

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември, Дирекцијата за култура и уметност по третпат ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“, која се одржува под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во РСМ.

Програмата, во малку поразлични услови од претходните две години, почна на 30 октомври во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје, неодамна починатиот писател Данило Коцевски. На истата локација на 5 ноември со свои литературни творби по повод празникот на Скопје настапија ученици од основните и средните училишта.

Во рамките на манифестацијата Дирекцијата за култура и уметност, во соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје, на 20 ноември ќе ги додели наградите за најдобрите три авторски текстови изработени од новинари и од студенти по новинарство во рамки на конкурсот „Мостовите на Скопје“.

На манифестацијата ќе се одржат и две фотоработилници на тема „Мостовите на Скопје“. Едната ќе биде со учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ под менторство на фотографот Љупчо Илиевски, додека со ученици од средните училишта во Скопје како ментор ќе работи фотографот Александар Кондев. На двете работилници ќе се изберат и ќе се наградат по три најдобри фотографии, а наградите ќе ги додели Град Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 55, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 7-8 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот