Денеска се изрекува пресудата за убиецот на Џорџ Флојд
Денеска ќе се дознае казната која му се заканува на поранешниот американски полицаец Дерик Шовин (45), осуден за убиството на Џорџ Флојд. Шовин се соочува со казна затвор од 30 години, откако минатата година беше осомничен за убиството на Флојд, што предизвика големо незадоволство кај луѓето кои се борат против расната нееднаквост.
Протестите против убиството на Флојд ги поттикнаа едни од најголемите протести не само во САД, туку и низ многу други држави низ светот.
Како што стои во законот на Минесота, минималната казна за Шовин е 12 години затвор. Тој е во затвор од моментот кога беше осуден по три точки за убиство од прв степен и убивство со небрежност пред два месеци.
Судијата кој денеска ќе му пресуди на поранешниот полицаец, вели дека тешките околности како бурните реакции по убиството на Флојд се основа за построга казна. Тој вели дека Шовин ја злоупотребил својата доверба и авторитет.
Од судот одлучија дека Шовин во делото учествувал со група со „активно учество“ на уште најмалку три полицајци.