Ден на изненадувања на Европското првенство: Норвешка ја декласираше Шведска, Словенија подобра од Данска

Фото: EPA-EFE/FABIAN BIMMER

Денешниот ден на Европското првенство беше ден на изненадувања и во сите три натпревари добивме неочекувани резулати.

Репрезентацијата на Шведска во денешниот последен натпревар на Европското првенство претрпе убедлив пораз од 33:23 од селекцијата на Норвешка. Натпреварот немаше некое резултатско значење бидејќи Шведска веќе го обезбеди местото во полуфиналето, а Норвешка ги загуби шансите. Меѓутоа и во такво издание не се очекуваше вакво слабо издание на Швеѓаните.

Во петок Шведска ја чека полуфиналниот натпревар со Франција, па уште вечерва веројатно беа со мислите на тој натпревар.

Словенија во натпреварот кој се играше претходно приреди изненадување и ја победи Данска со 28:25 која исто така како и Шведска го имаше обезбедено пласманот во полуфиналето.

Во поголемиот дел од првото полувреме, Шведска водеше со два-три гола разлика и на пауза замина со 17:14. Данска во второто полувреме влезе во подобар ритам и поведе со 21:19, меѓутоа потоа како да дојде до опуштање во редовите на Данците, а Словенија тоа знаеше да го искористи за да направи пресврт и слави со три гола разлика.

Натпреварот кој беше прв од денешната програма помеѓу Холандија и Португалија заврши без победник 33:33. Португалија имаше одлична позиција да обезбеди борба за петто место, но Холандија денес прикажа голем отпор и се прикажа во едно добро издание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот