Демократски сојуз: Парламентот на Бугарија го бугаризира и Илинден

Фото: Демократски сојуз

Од политичката партија Демократски сојуз велат дека Бугарија со смислена провокација пред Илинден, сака да го бугаризира, националниот празник на Македонците и македонската држава.

-Во услови кога ДУИ и СДСМ започнаа постапка за уставни промени, со цел Бугарите да бидат внесени во Уставот на Македонија, Движењето за промени на Кирил Петков (наводниот демократ), тргна по патот на Каракачанов, предлагајќи Бугарскиот Парламент да донесе Декларација со која Илинденското востание ќе го прогласи за Бугарско – се вели во соопштението.

Оваа Декларација, според партијата, покажува дека уставните промени нема да го отворат европскиот пат за Македонија, туку ќе се искористат за поагресивна антимакедонска кампања, негирање на македонскиот народ, јазик, историја и култура.

Македонската дипломатија предводена од ДУИ, ги загрозува нашите национални и државни интереси, поради што се неопходни коренити кадровски промени. И покрај очигледните анационални активности, криминалот, блокада на институциите, огромно незадоволство на граѓаните, СДСМ не трепнува, за сѐ ги обвинува тие што пред седум години биле на власт, но не им сметаше со дел од нив да прават бизнис коалиции – додаваат тие.

Без реципроцитет, од ДС посочуваат дека уставни промени нема да има.

Само со признавање на правото на здружување на Македонците во Бугарија, можно е да очекуваме промени на подобро. СДСМ треба да ги преспита своите ставови, дали ќе оди на предвремени избори или и натаму ќе го одржува ДУИ на власт – порачаа од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот