Демократката Вилијамсон се повлече од претседателската трка

Маријен Вилијамсон /. Фото EPA-EFE/ALLISON DINNER

Кандидатката за претседателска номинација од Демократската партија, Маријен Вилијамсон, објави дека се повлекува од претседателската кампања.

Вилијамсон (71) синоќа објави видеото на социјалните мрежи, посочувајќи дека е „време да ја стави во мирување нејзината кампања за претседател“, објави Си-Би-Ес Њуз.

Нејзината објава дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден убедливо ја победи на прелиминарните избори на Демократската партија во американската сојузна држава Невада.

Вилијамсон, заедно со конгресменот во Претставничкиот дом, Дин Филипс, лани започнаа кампања за да го спречат Бајден да се кандидира за Белата куќа.

Филипс останува во трката за претседателска номинација од Демократската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот