Делегација на американската амбасада го посети РЕК Осломеј

Делегација на амбасадата на САД во РС Македонија беше во работна посета на РЕК Осломеј, со цел да се запознае со работењето на рударско-енергетскиот комбинат, но и со неговиот статус на прв проект за енергетска трансформација во земјата, кој успешно се спроведува преку неколку етапи, информираат од АД Електрани.

– Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, д-р Имер Зенку, ја запозна економската делегација од Амбасадата на САД со 10-мегаватната фотонапонска електрана Осломеј 1, изградена врз поранешното наоѓалиште за јаглен, како и со локацијата за изградба на втора фотонапонска електрана со ист капацитет, и двете во сопственост на АД ЕСМ – известуваат од АД Електрани.

Делегација ја посетила и локацијата каде се градат две сончеви електрани од по 50 мегавати, како јавно-приватно партнерство меѓу АД ЕСМ и приватни инвеститори од Бугарија и Турција.

-Политичко – економскиот советник во Амбасадата на САД во земјава, Џерек Бас и советникот за економски прашања, Јордан Дамчевски беа запознати со плановите на АД ЕСМ да го зголеми своето портфолио од обновливи извори на енергија и со одлучниот пристап на компанијата во изградбата на електрани за т.н. чиста електрична енергија, од сонце, ветер и вода – соопштуваат од АД Електрани.

Оттаму додаваат дека значајни капацитети на соларни електрани се подготвуваат за изградба во кругот на РЕК Битола, како дел од проектот за енергетска транзиција, кои заедно со електрана на природен гас, согласно усвоената енергетска стратегија на државно ниво, треба да го заменат јагленот во РЕК Битола во следната деценија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот