Дел од жителите на Водно без парно греење

Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Дел од жителите во населбата Водно се соочуваат со прекин на парното греење. Од ЕСМ велат дека работат на решавање на проблемот за да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок.

Дополнително, ЕСМ снабдување со топлина ќе изврши проценка од аспект на ефектите врз потрошувачите и компанијата и ќе ја информира јавноста за сите детали – се вели во соопштението.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот