Дел од општина Гази Баба утре без вода

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Корисниците од улицата „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до „МЗТ“, во општина Гази Баба утре од 9:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач од 250 милиметри на улицата „Перо Наков“ бб, во близина на „МЗТ“, а корисниците ќе бидат без вода за пиење се до санирањето на дефектот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот