Декларацијата за сувереност, независност и територијален интегритет на македонската држава поставена во холот на Музејот на македонска борба 

Даниела Николова, директорка на Музеј на македонска борба за самостојност

Во холот на Музејот на македонската борба, централно е поставена Декларацијата за сувереност, независност и територијален интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ за самоопределување, донесено од Собранието на седницата одржана на 25 јануари 1991. Овој документ преставува почеток на низата документи донесени од новоформираните македонски демократски институции во конститутивниот процес на современата македонска држава.

Централно е изложена и Декларацијата по повод плебисцитарно изразена волја на граѓаните за суверена и самостојна македонска држава од 17 септември 1991 и Декларацијата за меѓународното признавање од 19 декември 199. Покрај Декларацијата поставено е и Браевото писмо за лицата со оштетен вид, аудио формат и наратив за Декларацијата.

Зошто е важен датумот 2ри август?

На 2 август 1944., беше конституирана македонската држава, врз чии темели почива самостојната и суверена Македонија. А  претходно, на ист датум, за Илинден 1903, се кренало востанието против османлиската власт, што е фундаментален доказ дека македонскиот културен идентитет е постар од македонскиот државно правен субјективитет, односно дека националниот стремеж на македонскиот народ за   сопствена држава, е нешто за кое што сонувале претходните генерации.
АСНОМ, како и целата народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија се темели на илинденските традиции. Во периодот од 1941 до 1944 година, македонскиот народ и македонските граѓани биле дел од најпрогресивната меѓународна коалиција на земјите што се бореле против фашизмот. Граѓаните, без разлика на националната и верската припадност, во антифашистичката борба ја препознале впрочем шансата за остварување насонот и стремежот за слобода и за создавање сопствена држава. Во тој период, во 1943, во  Скопје бил свикан Иницијативниот одбор за одржување на Антифашистичкото собрание на народнотоослободување на Македонија, а потоа во 1944 било одржано Првото заседание на АСНОМ. Донесени  биле

Државно констутивните акти на Заседанието, (Решението за конституирање на Антифашистичкото собрание на народнотоослободување на Македонија во врховно, законодавно и исполнително тело на Македонија, прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава,решението за донесување Декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија), зборуваат сами за себе. Првото заседание на АСНОМ е најзначаен настан во историјата на Македонија во XX век, зборува и тоа што, Одлуките на АСНОМ и првата Уставна НРМ од 1946 година претставуваа правна основа за враќање на суверенитетот на Република Македонија по распадот на СФРЈ, што е потврдено со референдумот за независност и усвојувањетонаУставотод 1991 година.

Документите на АСНОМ се изворот на нашиот државно правен субјективитет.

Второто и Третото Заседание имаат поинакво значење, тие биле  одржани во миродопски услови, како вонредни заседанија. Второто било  одржано 1944 година во Скопје.  Покрај делегатите на заседанието присуствувале  и потпретседателот на Националниот комитет за ослободување на Југославија  Едвард КардељДимитарВлаховСветозар Вукмановиќ – Темпо, претседателот на Отечествениот фронт на Бугарија Добри Трпешев и претставници на советската и англо-американската воена мисија. Третото заседание на АСНОМ било одржаново 1945 година. На ова заседание биле извршени измени во надлежностите на Президиумот на АСНОМ, кому му се одземени извршните функции. Тие и се предадени на Владатана НР Македонија, која е избрана на 16 април, на чело со Лазар Колишевски.

Даниела Николова, ве-де директорка на Музеј на македонската борба за самостојност.

Како продолживте да функционирате за време на Ковид 19 ?

– За време на Ковид 19  покрај програмски и вонпрограмски активности ,една од позначајните промоции беше проектот „Минато на дланка”, проект за подобрување на пристапност на слепите и слабовидни лица на Музејот на македонската борба, подржан од Балканската музејска мрежа финансиран од страна на Ставрос Ниаркос, преку имплементација на Фондацијата Културно наследство без граници. Овој проект беше реализиран во соработка со учениците од Државното училиште за деца и млади со оштетен вид  „Димитар Влахов“ од Скопје и се одвиваше во насока со тоа што учениците селектираа 13 оригинални предмети од музејските колекции кои се опишани во Музејскиот водич кој е изработен во печатена форма, на Брајово писмо и во аудио-формат, креирајќи инклузивен концепт на доживување за различни групи посетители,а тоа придонесе и повеќето да не препознаат по тоа што Музејот има оригинални предмети од 19 и 20 век  кои заслужуваат да бидат приоритетно презентирани, вели Даниела Николова, в.д директор на Музеј на македонската борба за самостојност.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот