Даниел Кајмакоски ја накити својата елка во Белград, погледнете како изгледа!

Фото: Инстаграм

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски пред повеќе од една година се пресели во соседна Србија.

Тој отаму е активен на музичка сцена, заедно со својот бенд настапуваше низ регионот, учествуваше во музички шоуа меѓу кое и „Твоето лице звучи познато“ во кое и ја однесе победата.

Кајмакоски не е премногу активен на социјалните мрежи и секојдневно не објавува за актуелните случувања во неговиот живот, а многу ретко открива детали од неговиот приватен живот.

Сепак, наскоро наближува Нова година и новогодишните празници, па јавните личности покажаа како изгледаат нивните домови во новогодишно руво. Меѓу нив и Даниел Кајмакоски. Тој во кусите приказни на Инстаграм ја покажа украсена елка и новогодишните декорации кои се дел од неговиот дом во Белград.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот