„Дан”: Дритан Абазовиќ под закани од член на криминалната банда на косовскиот нарко шеф Насер Кељменди

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на црногорското Граѓанско движење УРА, Дритан Абазовиќ, бил под закани од член на криминалната група на косовскиот нарко бос, Насер Кељменди, дознава неофицијално весникот „Дан” од извор од таа партија.

Според сознанијата  на „Дан”, станува збор за лице кое има црногорски документи, а живее во Косово.

Граѓанското движење УРА вчера одржа вонредна прес-конференција на која беше соопштено оти имаат информации дека на Дритан Абазовиќ му се заканувал криминален клан од регионот. Како што објавија, еден од членовите на тој клан е црногорски државјанин. Сепак, партијата не сакаше официјално да објави за кого станува збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот