Далиќ: Македонија ремизираше против Италија и Англија, тие се одличен ривал во подготовките за Европското првенство

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Денес беше потврдено дека Македонија на 3-ти јуни во Ријека ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Рујевица“ и ќе биде претпоследна контролка за Хрватска пред Европското првенство. Селекторот Златко Далиќ смета дека Македонија е одличен ривал за контрола пред почетокот на првенството.

„Македонците се одличен противник за таа фаза од подготовките. Зборуваме за репрезентација која ремизираше дома со Италија и Англија. Тоа е доволен показател дека тој натпревар за нас ќе биде вистински испит до каде сме со подготовките пред заминување на Европското првенство и што треба да поправиме“, изјави Далиќ.

Македонија последниот натпревар против Хрватска го одигра  на 12. октомври 2012 година во квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, Хрватите славеа со 2:1. На досегашните осум  дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

Македонија закажа пријателски натпревар против Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот