Дали за падот на украинскиот авион е виновен диспечерскиот центар?

Фото: EPA-EFE/SERGEY KHRUPOV

Постои можност непосредно пред падот на воено-транспортниот авион Ан-26 недалеку од Харков, да му бил даден приоритет за слетување на друг авион, рекол шефот на локалната администрација Алексеј Кучер. Како што додал, истрагата треба да покаже дали е точна оваа верзија на случувања.

– Од моментот кога пилотот побара дозвола за слетување, одговорните реагирале дури после една минута. Наводно заради тоа што биле фокусирани на слетување на друг авион. Притоа веќе било познато и јасно дека еден мотор откажал. Се поставува прашањето зошто одговорните за слетување, добивајќи ја информацијата за неисправен мотор, дале приоритет за слетување на друг авион. После неколку минути нашите момци паднаа, рекол Кучер.

Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Кучер рекол дека црните кутии се пронајдени, но дека истрагата се уште не е спроведена.

Авионот Ан-26 се срушил синоќа и притоа загинаа 26 кадети и членови на екипажот, а само еден кадет преживеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот