Дали ќе јадеме поскап леб – зависи од воените конфликти во светот

Фото: ALein / Alamy / Alamy / Profimedia

Иако во моментов цената на лебот е стабилна, воените конфликти може да предизвикаат ново поскапување. Агро-комората предупредува дека Македонија може да пече поскап леб ако порасне цената на нафтата која на светските берзи стигна и до 90 долари за барел но и цената на житото, по жетвата во Украина.

„Секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат финалната цена, секогаш застануваме зад тоа. Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е сега не знаеме што ќе се случува во однос на војната која директно се рефлектира на цената на нафтата, и не знаеме што ќе се случува во Русија и Украина“,  вели Горан Георгиевски  Агро – бизнис комора.

Според упатените, фокусот треба да биде кон растот на домашното производство и растот на економијата.

„Имаше во една изјава на Светска банка која е слична на нашите залагања, мислам не треба да се фокусираме ние колку цените можат да бидат евтини, туку да се фокусираме колку може нашата економија може да расте. Да видиме каква ќе биде жетвата на жито и каква ќе биде цената на житото, мислам дека ни треба здрава економска политика. Нашата економија не смее да продоцира 1 отсто раст, треба да биде 5-6 отсто“, вели Трајан Ангеловски – претседател на ССК

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот