Дали е време за „модернизација“ на химните?

Пеење химна илустрација/ Фото Vadim Gnidash / Alamy / Alamy / Profimedia

Националните химни се едни од најголемите гордости на земјите во светот. Но, како поминуваат годините, се поставува прашањето за нивното вистинско влијание. На погребот на Елизабета Втора, Британците за последен пат ја пееја химната како што ја знаеја во последниве 70 години. „Боже, спаси ја кралицата“ сега е заменета со „Боже, спаси го кралот“.

Според британскиот неделник „Економист“, промената на зборовите (од кралица во крал) е коректен потег, но „Боже, спаси го кралот“ за многумина Британци е сѐ уште чуден начин на пеење на химната. Па затоа, овој влијателен весник го постави прашањето меѓу Британците дали е можеби време за целосно нова химна на Велика Британија, и дали и други земји би го следеле таквиот потег со „модернизација“ на химните.

Иако, историски гледано, во химните се пеат (со неколку исклучоци како Шпанија) настаните и хероите кои го отсликуваат минатото на земјата, или пак убавините кои ги има една држава.

Земајќи ја британската химна за пример, која првпат била испеана во 1745 година, во тоа време будела силни чувства на љубов и блискост кон земјата, наведува весникот „Дејли Адвертајзер“.

Во малку поинакви времиња, таквиот текст е помалку значаен за јавноста, особено пред интернационална публика, пишува „Економист“.

Секако, химната традиционално е почитувана песна и на домашно и на странско ниво, и сите треба да ги почитуваат своите и туѓите химни. Но, некои експерти сметаат дека на некои химни, во случајов британската, им се потребни мали промени.

Покрај веќе споменатата британска химна, некаква промена е потребна и во кај некои други. Многу од нив се напишани во 19-тиот век, а малку кои од нив се залагаат за оние „модерни“ сфаќања, како еднаквост и различност. Во некои химни уште се пее за крвопролевање. Химните на Алжир, Белгија, Виетнам и Франција се само некои од ваквите химни кои ги коментираше „Економист“.

Мал е бројот на земји кои се претставуваат себеси на најдобар начин во своите химни. Тука може да се земне химната на спорниот регион Западна Сахара. Веселиот ритам на песната на која тамошните војници често маршираат, е можеби интересна за оние кои не знаат за што се зборува во неа. „Исечи му ја главата на напаѓачот“ е строфа која се повторува неколку пати во химната.

Во химната на Виетнам пак, се пее за тоа како „патот до успехот е полн со труповите на противниците“. Во алжирската химна се говори за „звукот на автоматите како наша мелодија“.

„Економист“ смета дека некои проблеми полесно ќе се решат од другите. Сексизмот е постојана карактеристика во химните – но тоа лесно се решава.

И Италија е земја која можеби ќе размисли за промени во химната. „Браќата на Италија“ може да се промени во „Браќа и сестри на Италија“, знаејќи дека неодамна земјата ја доби првата премиерка, Џорџа Мелони, чија партија е именувата токму по италијанската химна.

Затоа, сексизмот не е најголем проблем. Постојат посериозни предизвици. Италија ја романтизира смртта, додека „Детскиот стих“ во француската химна ги охрабрува француските деца да умрат како нивните старешини и да ги „делат своите ковчези“ наместо да го прифатат поразот.

Турската химна, на друг начин, сликовито опишува како „паднатите“ патриоти еден ден ќе „станат од своите гробови“.

„Економист“ смета дека химните во иднина можеби би било подобро да се фокусираат на некои позитивни национални работи. Франција може, на пример, да пее за нејзината гастрономска моќ, брзите возови и нуклеарната енергија, додека Турција може да ја забележи нејзината земјоделска самодоволност и зачудувачката геополитичка флексибилност.

Но, ова секако нема да е лесно. Луѓето кои се пејат во химните загинале за тие земји. Но, промени можат да се случат. По Втората светска војна, Германија одлучи да престане да пее за „über alles“, а кога Сталин умре, во руската химна повеќе не се пееше за неговото лидерство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот