Дајте им ја титулата, Ливерпул „гази“ во Премиер лигата! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Тешко дека некој сезонава во најсилното англиско фудбалско првенство ќе може да го совлада тимот на Клоп кој и после 25 кола не знае за пораз.

Денеска на својот „Енфилд“ екипата на Ливерпул уште еднаш покажа зошто оваа сезона треба да биде шампионска за „црвените“.

Пред своите верни навивачи фудбалерите на германскиот менаџер Јирген Клоп со 4:0 беа подобри од Саутемптон.  Ова е нивна 20 победа по ред во Премиер лигата на домашен терен.

Воедно ја продолжуваат серијата без пораз која трае веќе 42 натпревари. Рекордер по бројот на одиграни мечеви без да загуби во англиското фудбалско првенство е Арсенал кој во периодот 2003-2004 година немаше пораз на 49 средби.

Двапати во листата на стрелците се запиша Салах, а по еднаш Окслејд-Чемберлејн и Хендерсон, три асистенции запиша Фирмино.

Во останатите дуели: Борнмут-Астон Вила 2:1, Кристал Палас-Шефилд јунајтед 0:1, Њукасл-Норич 0:0, Вест Хем-Брајтон.

Саботната програма започна со дуелот Лестер-Челзи на „Кинг пауер“ стадионот во кој ремизираа двете екипи со резултат 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот