Премиер лига: Рудигер го спаси Челзи од пораз! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Екипи кои се борат за настап во Лигата на шампионите, реми кое повеќе оди во прилог на играчите на менаџерот Брендан Роџерс.

Редовното 25. коло беше отворено на „Кинг пауер“ стадионот каде што се сретнаа третиот и четвртиот тим на табелата, кои се надеваат на пласман сезонава во Лигата на шампионите.

Ова беше шестиот премиерлигашки меч оваа сезона во кој Челзи не успеа да триумфира, иако го постигна првиот гол (пет нерешени, еден пораз).

Лестер и Челзи приредија голеада од четири голови, по два на двете страни, реми кое што најверојатно им оди во прилог на „лисиците“ предводенид од менаџерот Брендан Роџерс.

Сите погодоци беа реализирани во второто полувреме, во 46. минута водеа лондонските „сини“ после еден изведен корнер од Маунт, топката дојде до Рудигер кој со глава стрелаше за водство.

Во 54. минута успеаја среќно да дојдат до израмнување со голот на Барнс, а десет минути подоцна направија п пресврт преку Чилвел на кој не внимаваше најдобро гостинската одбрана.

Челзи мораше да се врати во игра, бодот го обезбеди во 71. минута кога повторно Маунт беше асистент, последен слободен удар, одново највисоко скокна Рудигер за поставување на конечниот епилог.

Во генералниот пласман во Премиер лигата Лестер е на третата позиција со 49 бодови, осум повеќе од Челзи на четвртото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот