Да навиваме за Македонија: Пуштени во продажба билетите за Европското првенство

Фото: РФМ

Ракометната федерација на Македонија објави дека од денес започнува продажбата на билетите за Европското сениорско првенство на кое еден од домаќините ќе биде и Македонија.

Женското сениорскo Eвропско првенство ќе стартува на 4. ноември и трае до 20. ноември. Покрај Македонија домаќини ќе бидат Црна Гора и Словенија.

Ракометарките на Македонија настапот на Европското првенство ќе го започнат против репрезентацијата на Франција во 05.11 (сабота) во 18:00 часот, потоа во второ коло од групата играме против Холандија на 07.11 (понеделник) и против селекцијата на Романија во последното коло од групата на 09.11 (среда). Сите натпревари ги играме во СЦ „Борис Трајковски“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот