Да биде поблиску до своите приврзаници: Трамп ја промовира својата интернет страница 45.office.com

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп отвори сопствена интернет-страница www.45office.com, со цел да остане во контакт со своите приврзаници и да ги презентира достигнувањата на својот мандат.

На почетната страница има повеќе фотографии од Трамп со познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.

– Канцеларијата на  Доналд Трамп е посветен на зачувување на славниот период од неговата администрација, истовремено промовирајќи ја програмата „Америка  на прво место”, се наведува на  почетната страница.

На сајтот исто така се прикажани и постигнувањата на Трамп, вклучително во енергетскиот сектор и безбедноста на границата, зајакнувањето на НАТО и неговата борба против пандемијата со ковид-19.

На страницата не се спомнуваат скандалите, истрагата за корупција, двата обиди за отповикување на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот