Д-р Митов: На социјалните мрежи се создаде атмосфера на линч, оваа болест зависи директно од навиките и однесувањето

-За жал знаеме многу малку за коронавирусот. Ова е седми по ред. И без да мутира, овој е досега непознат вирус. Има значителна дискрепанца и големи разлики на смртноста во земјите. Тоа ги збунува научниците. Се смета дека првата разлика е дека бројот на тестирања е тој кој што ја дава реалната слика, вели за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Александар Митов.

Германија и Италија имаат добар здравствен систем, а поради големиот број инфицирани, нормално е да се спроведува масовно тестирање.

Логично е дека ако не го барате вирусот со тој тест што е направен за него вие вирусот не може да го најдете. Не дека масовното тестирање има некоја директна колерација со исходот, но фактите се тие. Германија ревносно тестира. Здравството таму е најдоброто во светот, но не може многу лошо да кажеме за здравството во Италија. Ломбардија е богат регион кој што има добар здравствен систем.

Д-Р МИТОВ: ЛУЃЕ МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ!

-Тука се отвараат две прашања – во северна Италија голем процент е над 60 годишна возраст. Значи има концентрација на старо население концентрирано во еден регион, изјави Митов.

Според него, културниот аспект е исто така значаен фактор во ширењето на вирусот.

-Од културен аспект и аспект на однесување, токму таа нивна близина, живеење во големи семејства, каде луѓето при поздравување се бакнуваат е еден од факторите на пробивот на КОВИД-19.

Исто така Северна Италија е бизнис центар. Луѓе од Кина, многу веројатно е дека го имаат пренесено во оваа земја, вели Д-р Митов.

НИЕДЕН ДРУГ СЛУЧАЈ ТОЛКУ СИЛНО КАКО ОВАА ПАНДЕМИЈА НЕ ЈА ИСТАКНА ВАЖНОСТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЕДУКАЦИЈА.

Оваа болест, како и милион други болести зависат директно од навиките и однесувањето. Но навиките и однесувањето се основани на нешто пред тоа – здравствената едукација, рече Митов.

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ СТВОРИ ЕДНА ТЕНЗИЈА – ИМАМЕ АТМОСФЕРА НА ЛИНЧ, НА КЛАНИЦА

Социјалните медиуми дополнително придонесуваат за содавање на паника со тоа што се бараат информации за заразените лица.

Здравствената едукација основата на таа пирамида која што води кон контрола на нападот на здравствените системи. Нема поголем и поважен сојузник на здравствениот систем од граѓанинот.

Тензијата која што се равива во нашето општество во многу е стимулирана од социјалните медиуми. Се створи една атмосфера на линч, на кланица. Се бараат имиња, адреси. Но, мора луѓето да сфатат дека се работи за болест, изјави д-р Митов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот