Д-р Мехмедовиќ на Фејсбук се дообјасни што значела „манипулацијата“ со бројките на починати од ковид-19

Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Откако во денешното гостување на Утирнски брифинг, зборувајќи за високата смртност од ковид-19 во Македонија, д-р Злате Мехмедовиќ рече дека имало манипулација со бројките на починати и дека новиот состав на Комисијата за заразни болести ќе ги преразгледа сите досегашни извештаи, неговата изјава предизвика бура во јавноста. Д-р Мехмедовиќ не прецизираше на каква манипулација со бројки мислел. Поради тоа, тој се огласи на Фејсбук.

Би сакал да појаснам, пред се поради големиот интерес на новинарите што точно значи “манипулацијата” со бројките. Не се работи за манипулација на бројките од страна на претходната комисија за заразни болести, туку за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста, Долго време се разговараше на темата дека во ковид евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажан присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на КЗБ. Комисијата за заразни болести водела точна евиденција согласно препораките на СЗО за смртноста и не станува збор за манипулации на тие бројки, туку за манипулациите и дезинформациите во јавноста поврзани со смртноста за која основната причина е ковид. Зборот манипулација беше погрешно употребен и требаше да биде дообјаснет, на Комисијата за заразни болести и се извинувам за недоразбирањето, напиша д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехмедовиќ: Имаше манипулирање со брoјките на починати од ковид, тоа ќе се преразгледа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот