д-р Горан Николов, интернист-кардиолог: Шеќерот има 56 имиња, но не ги препознаваме на декларацијата

Овошјето е одличен избор на слатка храна, но ако тоа се внесува во големи количини, неискористената фруктоза може да се претвори во масти.

Се разбира дека овошјето е здраво, богато е со витамини, антиоксиданси, а изобилството од растителни влакна што го содржи го намалува негативното влијание на фруктозата – овошниот шеќер врз организмот, како и на метаболизмот во црниот дроб.

Д-р Горан Николов, интернист-кардиолог

Многумина кои спроведуваат некој диететски режим, убедени се и честопати од незнаење јадат поголеми количества овошје за да ја ублажат гладта. Севкупно овошјето е одличен избор на слатка храна, но ако тоа се внесува во големи количини, неискористената фруктоза може да се претвори во масти. Затоа агресивните диететски програми, каде што се важни и најмалитете количини на губење масти, не содржат овошје. Во него ќе може да уживате тогаш кога телото ќе го доведете во состојба на здравје и виталност, зашто тоа е дел од здравата медитеранска исхрана.

Треба да се знае дека фруктозата што ја содржат многу намирници, не потекнува од овошје, туку е високо преработен шеќер (рафиниран) од пченка, а денес многу истражувања фруктозата ја поврзуваат со последиците од потенцијално фаталниот метаболен синдром, дијабетес тип 2 и замастен црн дроб.

Сè повеќе расте свесноста за калориската вредност на шеќерите и фактот дека омилениот шеќер во организмот лесно се претвора во несакани масти и затоа бараме други замени – зашто повеќе не сакаме да го внесуваме, но исто така не сакаме да се откажеме од вкусот на слаткото. И навистина шеќерот заслужува да се нарече „бел отров“, бидејќи предизвикува зависност, па дури и оние луѓе со силен карактер и решителност, на крајот потклекнуваат да земат нешто слатко. Спасот е најден во замените за шеќер, односно вештачките засладувачи. Од друга страна, тие вештачки засладувачи ги преплавија пазарите затоа што мултинационалните компании ја користат нашата слабост и произведуваат производи како замена за шеќерот. И понатаму ги купуваме, среќни дека можеме да почувствуваме нешто слатко во устата, а истовремено, подеднакво важно, да не се дебелееме.

Денес шеќерот има 56 имиња, но повеќето од нас не знаат да ги препознаат на декларацијата, што не треба да нè чуди! Па не сме сите биохемичари, а многу од производителите на храна со тие имиња сакаат да нè измамат, односно да нè спречат да сфатиме кое количество на шеќер го внесуваме со одредена храна. Муковадо (нерафиниран кафеав шеќер), малтодекстрин, етил малтол, дијастазе, дијастатички засладувач, инвертен шеќер (хидролизирана смеса на глукоза и фруктоза), паноча, сируп од кинеска шеќерна трска, висок фруктозен пченичен сируп, се само дел од имињата под кои се крие шеќерот.

ПЗУ Центар за внатрешни болести „СРЦЕ“

Ул. „3-та македоска бригада“ бр. 45/1-2, 1000 Скопје

Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот