Д-р Далип Јахја назначен за раководител на Клиниката за ортопедија

Клинички кампус „Мајка Тереза“ Скопје / Фото: Министерство за здравство

За раководител на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ е назначен д-р Далип Јахја, информира Министерството за здравство, откако утрово раководителот на Клиниката за ортопедија, д-р Виктор Камнар си поднел оставка од лични причини.

Тој раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хируршкиот блок на ортопедија.

Д-р Јахја е доктор од ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Раководителот на Клиниката за ортопедија поднесе оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот