Цената на златото бележи рекорден пораст

Вртоглав раст на цената е забележан и кај паладиумот паралелно со зголемената побарувачка, поголема од очекувањата.

Цената на златото порасна утрово за повеќе од еден процент, и се позиционира на највисоко ниво за период подолг од седум години, бидејќи економските податоци од САД ги покажаа размерите на причинетата штета која ја трпи најголемата светска економија како последица на кризата предизвикана од Ковид – 19, но и поради новите заострувања на односите меѓу САД и Кина.

Вртоглав раст на цената е забележан и кај паладиумот паралелно со зголемената побарувачка, поголема од очекувањата.

Цената на златото за испорака скокна за 1,1 процент и сега изнесува 1.760,85 долари за унца, а оваа цена ја достигнува за прв пат од 2012 година кога вредноста изнесуваше 1763,51 долар за унца.

Истовремено, цената на фјучерсите на американското злато за јунска испорака порасна за 0,8 проценти и сега изнесува 1.770,50 долари за унца.

За ваквиот пораст придонесоа лошите статистички податоци за април а кои се однесуваат на падот на индустријата и потрошувачката во САД објавени во петокот, како и новото заострување на односите меѓу Кина и САД поради мерките на Вашингтон против Хуавеи, на кои кинеското министерство за трговија реагираше со најава дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на правата и интересите на кинеската компанија.

Од останатите благородни материјали цената на паладиумот стигна до 1980,25 долари, а цената на платината се искачи за 0,8 проценти и изнесува 804,43 долари, додека среброто зајакна за 3,3 отсто и се продава по цена од 17,17 долари.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот