ЦУК: Изгаснати 32 пожари изминатото деноноќие

Фото: МИА

Од вкупно 34 пожари на отворен простор два се сѐ уште активни, но со намален интензитет, информираат од Центарот за управување со кризи.

Станува збор за пожарите во Општина Прилеп кај село Тополчани, каде што гори ниска вегетација, и во Општина Гевгелија кај село Селемли каде што гори мешена шума.

Како што дополнуваат од ЦУК, изгаснати се пожарите во другите 21 општина помеѓу кои:

– Општина Студеничани 2 – с.Цветово (каде што горела ниска вегетација) и кај с.Студеничани (ниска вегатација и шума);
– Општина Зелениково – с.Гумалево (ниска вегетација и шума);
– Општина Бутел – с.Радишани кон с.Лубанци (ниска вегетација);
– Општина Аеродром – ул. „Тодор Чангов“ (ниска вегетација);
– Општина Арачиново; – кај страиот пат Арачиново-Куманово (депонија);
– Општина Петровец 2 пожара – с.Трубарево и с.Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
– Општина Гази Баба – Парк шума „Гази Баба“ (ниска вегетација и шума);
– Општина Илинден – ул. „19“ бр.2 (ниска вегетација);
– Општина Радовиш – покрај магистралниот пат Радовиш – Струмица (сува трева и ниско стеблеста шума);
– Општина Штип 2 пожара – кај с.Пиперово и кај с. Радање (ниска вегетација и шума);
– Општина Охрид – с.Песочани (ниска вегетација и трње и деградирана вегетација);
– Општина Македонски Брод – с.Драгов Дол (трње и деградирана вегетација);
– Општина Струда, 2 пожара – на влезот во Струга и кај месноста „Заграчанска краста“ (сува трева);
– Општина Кичево – с.Зајаз (отпад и ѓубре);
– Општина Битола – с.Братиндол (ниска вегетација);
– Општина Прилеп – с. Мажучиште (ниска вегетација);
– Општина Куманово, 3 пожари – кај с.Пчиња, покрај патот Куманово – Крива Паланка и кај с.Ново Село (ниска вегетација стрниште);
– Општина Ранковце – с, Станча (ниска вегетација);
– Општина Тетово, 4 пожари – кај селата Требош, Пршовце, Жеровјане (ниска вегетација) и кај с. Бродец (депонија и ѓубриште);
– Општина Гостивар, 3 пожари кај селата Чегране и Тумчевиште и кај месносната „Стари гробишта“ (каде што горела ниска вегетација) и во
– Општина Свети Николе с.Милино (ниска вегетација).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот